АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Да сте ми живи и здрави драги Македонци. Вечен и багословен да е големиот празник Илинден

Вечерва кога сме „најблиску до Бога“ во очи големиот празник Илинден со чиста љубов и мисла се поклонивме во село Велгошти пред делото на Илинденците и Асномците кои со своите животи ги поставија темелите на современа, суверена и независна Македонија.
Ноќва спроти Илинден гордо со крената глава славиме за македонскиот непокор за слобода и државност. Илинден е празник кој врзува две епопеи и еден идеал, за слободна и независна Македонија. Синови и ќерки се бореа сонот за слободна Македонија да стане јаве. Двата Илиндена 1903 и 1944 година се темелите на македонската држава, јазик и идентитет.
Наше е да го сопчуваме наследеното, да ја осовременуваме и прилагодуваме на модерното време нашата мила татковина притоа вешто чувајќи ги нашите традиции, обичаи и култура. Да создаваме подобри услови за живот на нашите деца и идни поколенија, да не ги бркаме туку да ги вратиме дома крај родните огништа. Заедно да ја доградуваме и осовременуваме нашата Македонија.
Започнавме и заедно со вас ќе продолжиме здравствено, образовно и инфраструктурно да ја усовршуваме затоа што татковината не се сака со зборови туку со дела.
Да сте ми живи и здрави драги Македонци. Вечен и багословен да е големиот празник Илинден.