АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа се случила на кружниот тек кај ЕМУЦ

На 12.07.2025 во 06.40 часот, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“,.„Железничка“, .„7 ноември“ и .„Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (53) од с.Лескоец, охридско и велосипед управуван од лице на (56) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила едно лице, констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.