На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со (75) годишно лице од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид. Во 17.20 часот, лицето починало, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.












