На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода (31) и (29) годишни лица, двајцата од Охрид. Тие беа затекнати во момент кога едното лице на ддугото му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.












