АктуелноОхрид

Пронајдено безживотно тело во водите на Охридското Езеро

Безживотно тело на лице е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро во близина на езерскиот кеј.

Пријавата во СВР Охрид пристигнала пред 14:00 часот, а според првичните, неофицијални информации телото е пронајдено без траги на насилство.

Од СВР Охрид за Супер радио и OhridPress го потврдија настанот и повеќе информации најавуваат за во текот на денешниот ден.

 

 

 

Ohridpress.com.mk