АктуелноОхрид

Судот во Струга одлучи: Градоначалникот Мерко не е виновен за набавка на возилата вредни 114 илјади евра

Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра, јави порталот press24.mk.

Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше утврдено дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела. После тоа, против него беа покренати низа обвиненија и нови истраги за злоупотреба на службената положба.

Мерко е исто така на американската црна листа поради овие сомневања.

 

 

press24.mk