Денес и утре по 10ти јубилеен пат се одржува Меѓународниот натпревар во џудо „Струга Опен 2025“. Домаќинот ЏК „Дрим“ од Струга и оваа година на едно место собра над 600 натпреварувачи од бројни земји, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Чешка, Романија, Албанија, Косово Холандија, Велика Британија, Турција.


Дводневниот настан е поддржан од голем број спонзори и помагатели кои се верни придружувачи поддржувачи на ЏК „Дрим “ од Струга.

Свој воведен говор пред учесниците имаше , Ѓорѓија Стојанов , додека пак турнирот за отворен го прогласи претседателот на ЏК „Дрим„ Струга, Бошко Вељаноски.
Веднаш потоа беше интонирана Химната на Р. Македонија а дополнително почетокот беше збогатен со фолклорна точка од младите на КУД „Охриѓанка“ Охрид.























