Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во Република Македонија Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка понуда.
Се сложивме дека неопходна е реконструкција на централната зграда од ООУ „ Братство Единство“, проект кој требаше финансиски да биде поддржан од ТИКА, а Локалната власт да ја обезбеди потребната документација и одобрението за градба.
На средбата се сумираа и првите позитивни впечатоци и позитивниот бенефит по воведувањето на директната авио – линија, Истанбул – Охрид- Истанбул со четри летови неделно.











