АктуелноОхрид

Струшкиот џудо клуб „Дрим“ со успешен настап на турнир во Чешка

Изминатиот викенд, на 10 и 11 мај 2025 година, учествувавме на престижниот турнир GRAND PRIX Nový Bydžov 2025 во 🇨🇿 Чешка, каде што настапија 1.017 натпреварувачи од 11 земји и 111 клубови.

Нашиот клуб беше претставен од 7 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во исклучително силна конкуренција и успеаја да освојат две бронзени медали:

Катерина Клењоска (-44 кг)

Елеонора Јосифоска (-48 кг)

Одлични борби, голема решителност и желба за победа покажаа и Мила Стојмиловска, Давид Спироски, Доријан Петкоски, Јован Наумоски и Даријан Ночески, кои овојпат не успеаја да се искачат на пиедесталот, но ја заслужуваат нашата пофалба за нивниот труд и борбеност.

Особена благодарност упатуваме до македонската заедница во Чешка, која несебично го пречека нашиот тим и со голема енергија ги бодреше нашите натпреварувачи од трибините.