АктуелноОхрид

Пријава за охриѓанец кој не се придржувал кон мерката „куќен притвор“: Полицијата кај него пронашла девет паковки кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (49) годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување  судска одлука“. При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основент суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом. При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола.