На 08.03.2025 година во 00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија лице на (56) од Охрид.
При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава











