АктуелноОхрид

Општина Вевчани повторно дел од Федерацијата на европски карневалски градови

Со радост и гордост ја известуваме јавноста дека Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови!
Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место.
Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите 20 години се успешно подмирени, и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови! 🎭
Ние како општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал.