АктуелноОхрид

Охриѓанката Миа Танеска остава зад себе златна година, освојувајќи златни медали од сите натпревари во 2024 година

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски  од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар   “10 Кинг оф Таеквон-до”  во Солун  , Грција., на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи  од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната конкуренција и пристрасноста на допмашните судии, се потрудија повторно да  не направат горди на нив , освојувајќи 1 златен и 5 бронзени медали.

М.Т.Т.Ф ја претставуваа  3 официјални лица, 2  национални тренери и 8  натпреварувачи,  од клубовите

ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

ТК “МАСТЕР” Охрид

ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга

ТК “АХИЛИУС “Скопје

Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, која само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години, иако  најмлада во категоријата докажа дека  вреди во неа да се вложува,  повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот ,со пет победи  осовјувајќи го златениот медал во форми , и со две победи над  домашни претставнички,освојувајќи  бронзен медал во борби, а со осовјувајнето на двата медали во две дисциплини, го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години. Истотака и Теодора Митреска која натперварува во категорија У-18 години,   освои две медали и во форми и во борби, осовјувајќи два бронзнени медали. Во сениорска Конкуренција со медали не израдуваа Боќидар Димитриевиќ и Марио Крстески осовјувајќи бронзени медали. Хриситјана Парулеска поради повреда на коленото, не и беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевичќ, демонстрирајќи домаинантни борби над домашните претсавници, но за жал судиите безобразно им ги одзедоа победите , со што резултираше со  негодување и протести, од сите репрезентации. За жал многу натпреварувачи од сите репрезентации што учествуваа беа оштетени  од страна на домашните судии.