петок, ноември 29, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридските боксери на прием кај градоначалникот Пецаков

Денеска ги примив Охридските боксери кои имаа настап на Балканското првенство во Лозница, Република Србија. Тие во конкуренција од околу 200 натпреварувачи од 13 земји освоија бронзени медали. Боксерите Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу беа дел од македонската репрезентација, а се членови на БК „Алексо Огненоски“.
Им честитам и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Како Општина Охрид постојано сме ветер во грб на спортот во градот, па така и за овие спортисти обезбедивме и во иднина ќе даваме поддршка, напиша во својата објава на Фб градоначалникот Кирил пецаков.