На повеќе пунктови во У.З.„Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла; Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња; На овој начин, во услови на снег и голомразица, ќе се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот
,Со подготвителни активности за интервенција во зимски услови ќе продолжиме и во другите делови од градот, според претходно дефинирана приоритетна група
Овие активности ги спроведуваме согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”