петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Излета патничко возило кај Ново Село, општина Дебарца

На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице (54) од Кичево, излетало од патот.

 

Притоа, сопатничката лице на (72) од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.