недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Полицијата кај Калишта пронајде околу 300 метри мрежи и уловени 56 парчиња белвица, затекнати две лица без пловидбена дозвола

Hа 10.11.2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат. При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале 2 лица, од Струга и Радожда, кои, управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави.