петок, ноември 22, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Отец Сашо Ристески од утре во нова парохиска должност во Храмот Св.Троица

Од утре стапувам на нова парохиска должност во храм света Троица место досегашниот старешина о. Љупчо Симиџиоски. Му посакувам долги и мирни пензионерски денови ќе продолжиме со мисијата и надоградбата. А на моите досегашни парохијани во св. Никола Долна влашка маала и нас. Рача и Велестово, им благодарам за досегашната љубов и поддршка. Поминавме прекрасни 16 години. Основавме прекрасна заедница околу Христа. Со љубов во Бога. Без лицемерие, без злоба, оговарање. Сите сплотени и едно во путирот преку телото и крвта Христови. Благодарам и за прекрасниот подарок. Благословот Божји нека биде врз сите нас и молитвениот спомен да ни е вечен.”Виното го весели срцето на човекот, но, немој да го впиеш виното на блудот.