По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“ денеска беше објавен Конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
Повеќе информации околу условите за аплицирање може да прочитате на приложениот линк: