понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Хуманитарна претстава за деца

Неодамна жителите на Босна и Херцеговина беа погодени од катастрофални поплави кои однесоа преку 20 човечки животи, а илјадници луѓе останаа без покрив над главата. Црвен крст Охрид се приклучи на апелот на Црвениот крст на РСМ за собирање на средства за помош на настраданото население.

Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца-Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, организира хуманитарна театарска претстава за деца од прво до шесто одделение, во која ќе настапуваат актери од Босна и Херцеговина.

Претставата со наслов „ЦВЕТОТ НА ВЉУБЕНАТА ПЧЕЛА“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 1.11.2024 г. (петок) со почеток во 13 ч. Средствата собрани од продажбата на влезниците, по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението во реонот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во поплавите.

Да ги воспитуваме нашите деца во духот на хуманоста и солидарноста и овозможиме да уживаат во детската театарска претстава.