Во својата објава на ФБ, охриѓанката Бојана со големо Благодарам кон сите кои успеаа да донираат и да се соберат потребните средства за нејзино лекување.
-Господ не дава на сите се, туку на сите по нешто, за да можеме да си се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене.
Најголемата лична победа на секој човек во денешно време е да останеш Човек, е голема од било кој материјален успех. А вие покажавте колку многу ја има меѓу нас.
Многу сум благодарна на мојот најмил Охрид, на мојата Земја, дека ме држеа на раце кога немав тло под нозете.
Дека ми дадоа воздух кога немав здив, дека ми подадоа рака кога најмногу ми требаше..
Ви благодарам на секој Еден Човек кој барем еднаш помисли и се помоли за мене. На секој Еден кој бар еднаш донира, сподели или мотивира некој друг. Човекот не е гладен само за храна, туку и за добрина.
Меѓу другото ве узвестуваме дека ПОТРЕБНИТЕ СРЕДСТВА СЕ СОБРАНИ и дека телефонските броеви за донација се затвораат.
Благодарам на мојот Охрид , на цела Македонија, на луѓето надвор од нашата земја кои несебично донираа. Се ова е Божја промисла, која не учи да сме понизни и да не врати кон него. Нојата борба ќе трае, но знам колку и да е тешко , душата кога поминува низ болка станува помирна и поблиска до Бога, а кога се има поддршка се е полесно.
Ви посакувам Бог да ви даде Здравје
Ваша Бојана