АктуелноОхрид

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет.

Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври 2024 година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 година во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици.