АктуелноОхрид

Силјановска Давкова: Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата

Посета на Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата.
Институцијата која догодина ќе одбележи 90 години од формирањето, а која се грижи за одржување на балансот меѓу човекот и природата е потсетник за важноста за перманентна заштита на екосистемот на Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, но и на сите македонски, регионални и глобални еко системи.
Наша обврска е да создадеме услови науката преку Хидробиолошкиот завод Охрид и другите институции да го спречат нарушувањето на животната средина околу едно од најстарите езера на светот и сите други природни убавини и заштитени подрачја.