АктуелноОхрид

(ФОТО) Жителите од селата од Долни Дримкол соочени со натрупување смет и градежен отпад

Живописен предел, природа распослана како во бајки во Дримколскиот крај , но нагрдена од факторот човек.  Незапирливо се уништува еден природен крај кој покрај големата миграција останува се повеќе празен, туку сега и се нагрдува со смет и отпад.

Грда глетка се оддава доколку се насочите кон селата на Долно Дримколскиот крај каде жителите од овие места се соочени со голема еколошка катастрофа. Имено се повеќе се фрла смет на овој дел, како и градешен материјал кој се носи од другите н

 

Посебно  на удар е патот кој оди за с.Пискупштина а смет се исфрла и над реката Ѕвездица. Постојаната патрола на Граничната полиција не превзема конкретни мерки за фаќање и санкционирање на несовесните граѓани кои го прават ова дело.

Жителите кои ги има во многу мал број на овој пограничен простор апелираат до надлежните инситуции да излезат на терен и да се превземат мерки со цел расчистување на теренот, како и ставање крај на ваквото девијантно однесување.