недела, ноември 24, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит

Од младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на бедните и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да им дава исцеление. Бестрастен и исполнет со благодат на Светиот Дух, Евмениј заблесна со светлина што не може да се скрие. Па како што е напишано дека не може да се сокрие град на врв планина (Матеј 5, 14) така не можеше ниту свети Евмениј да се скрие од светот. Како епископ тој управуваше со стадото Христово како добар пастир. Им беше татко на сираците, богатство на сиромашните, утеха на нажалените, исцелител на болните и прекрасен чудотворец. Со молитвата вршеше бројни чуда: умртви една опасна змија, изгонуваше демони, исцелуваше болни, и тоа не само во своето место туку и во Рим и Тиваида. Во Тиваида со молитва испроси дожд од Бога во време на суша; и таму најпосле го заврши својот земен живот и се пресели во вечните живеалишта на својот Господ. Живееше и дејствуваше во 7. век.

denovi.mk