АктуелноОхрид

Пецаков: Акцијата за преуредување на камените коцки од оштетените улици низ стариот дел на градот продолжува

Акцијата за преуредување на камените коцки од оштетените улици низ стариот дел на градот продолжува.
Во моментов се врши санација на камените коцки на пресекот од улиците „Димче Маленко“ и „Аргир Маринчев“. После завршување на овој дел, активностите продолжуваат на други улици во стариот дел од градот, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.