АктуелноОхрид

Приведен 45 годишен маж од Долно Лакочереј – со пиштолот пукал кон сопружници

Околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село лишиле од слобода 45 годишен маж од село Долно Лакочереј, охридско.

Тој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружници.

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:СВР Охрид