АктуелноОхрид

Јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари.
Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување на поволни услови за користење и подобар и попристапен авио транспорт.
Со цел подобро поврзување на државата и овозможување подобри услови за патување на граѓаните Министерството за транспорт денес објави ЈАВЕН ПОВИК за поднесување апликации за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Отворениот повик е објавен на официјалната веб-страница на министерството, како и во Службениот весник на ЕУ за тендери (TED).
За дополнителни информации, заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт преку е-пошта: mtcfinancial.support@mtc.gov.mk или на телефон: +389 2 3145 592.
Во прилог и линк од јавниот повик: https://mtc.gov.mk/…/JAVEN–POVIK–za-dostavuvanje-na…
-напиша во својата објава министерот за транспорт и врски Александар Николовски.