АктуелноОхрид

Традиционален годишен концерт на „Вокално инструментален состав Билјана“ – Охридска визита

Традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана оваа година за прв пат ќе ќе се одржи во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид на 06.09.2024 година со почеток во 20:00 часот.
Ова година по дванаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наш годинешен гостин е почитуваната Вера Милошевска Јосифовска- Љубојна.
Билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и можете да ги резервирате на телефонскиот број 076/212-680 и ќе можете да ги подигнете на самиот влез еден час пред почетокот на концертот.