недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Утре е Успение на Пресвета Богородица, се паѓа во среда, со посна трпеза

Бидејќи празникот е во ден среда трпезата треба да биде со посна храна со масло и риба.За многу години.

Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.

За празниците на Голема и Мала Богородица обичај е, посебно жените, да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на вршење работи во куќата и околу неа. Значи, на верниците им се препорачува да не извршуваат домашни работи, а ова посебно важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така, не е добро да се работи со раце, или да се започнува нова работа.


Пресвета Богородице спаси не нас!