среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Пожар во близина на аеродромот во Охрид – на местото пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и 23 годишен жител од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикано е лицето а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

извор: СВР Охрид