АктуелноОхрид

Волонтери, ловџии и планинари цела ноќ ќе ја спасуваат Галичица!!!

Пожарот на планината Галичица се симнува во туристичиките места и во градот. Денеска тој беше видлив и од плажите. Ветрот го разнесува чадот, а видикот кон планината не е јасен.

Центарот за управување со кризи извести дека пожарникарите денеска цел ден го гаснат жариштето со два воздухоплова – едниот од преспанската страна кај Стење-Лескоец и другиот на охридската страна на запад кај месноста Војтино.

„Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари“, велат од ЦУК.

После консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре во 07:00 часот да се пријавет кј планинарската куќа Спиридон, (после Црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло!
Најбитно е да сте физички спремни со базична планинарска опрема, кондури итн.
Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, зато ајде да се собериме шо поголем број да си ја спасиме Галичица.

Од ЦУК извесуваат дека до 19 часот денеска, имало вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.