На 08.08.2024 во 21.00 часот, на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Република Србија удрил во пешакот М.К.(43) од Република Црна Гора.
Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.