АктуелноОхрид

Почина 4-месечно бебе од струшко село, обдукцијата ќе покаже како настанала смртта

На 06.08.2024 во 22.43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото ќе биде извршена обдукција.