Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Се’ е подготвено за големото празнување на Св.Петка во Враништа

Традиционално и оваа година во Враништа ќе биде одбележан празникот посветен на Св.Петка во истоимената црква која се наоѓа во селото.

Вечерва во црквата со почеток во 19.30 часот ќе започне вечерна Богослужба а веднаш потоа и забавниот дел на спортско рекреативниот центар.

Додека пак утре на денот посветен на Св. Петка ќе се отслужи Богослужба со почеток во 8 часот.

По завршувањето на Богослужбата ќе има водосвет, благословување и сечење на празничните лебови.