сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Полициски хеликоптери од утрово гаснат пожар кај Охрид

Два полициски хеликоптери, еден на македонското МВР и еден српски од утрово продолжуваат да гаснат во непосредна близина на Охрид кај селото Косел.

Пожарот над Косел, Охридско, повторно се разгорува иако повремено локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола. Сепак, пожарот се уште не е изгаснат, како изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.