Првата ноќ од серијата концерти кои се одржуиваат во Охрид помина реалтивно мирно, без инциденти како тепачки или други посериозни настани.
На подрачјето на Охрид и на самите концерти и настани не се пријавени тепачки или други посериозни немили настани со трагичен епилог. Во меѓувреме по социјалните мрежи се шират неточни информации за немили настани со грозоморен епилог, кои воопшто не се случиле.
Во билтенот на СВР Охрид стои:
На 31.07.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е .(31) од Охрид кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 година во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнал .(21) и ., двајцата од Охрид. По целосно расветлување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 31.07.2024 година околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи, кај А(20) и (21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана, додека кај .(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 31.07.2024 година во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз .(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.