Еколошката свест на многу ниско ниво. Отпад може да се види на секакви недозволени места. Луѓето свесно фрлаат и за тоа не понесуваат никаква одговорност. А за да биде ситуацијата уште потрагична, оние кои сметот го оставаат каде ќе им текне, се нагласни преку социјалните мрежи, како Охрид не бил чист.
ЈП Охридски Комуналец работи со полна пареа. Деноноќно се собира сметот од депониите кои „никнуваат“ преку ноќ, но и се празнат садовите наменети за депонирање на смет. Но, може ли да се постигне, ако на едно место се чисти а штом заминат веднаш се остава пак?
Начинот на којшто може да се дојде до подобрување е ако сите заедно знаеме како да ја негуваме нашата околина и да се грижиме за неа. Може да биде чисте само и само ако сите заедно допринесеме за тоа.
Затоа, бидете внимателни, сметот оставајте го исклучиво на места наменети за тоа.
Охрид не заслужува ваков однос ни од туристите ни од граѓаните!