Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија.
Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја.
Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.