вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: Горди сме на нашата олимпијка Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Париз 2024 во спортско стрелаштво

Денес имав можност да се запознаам со нејзините досегашни спортски успеси кои се вредни за почит. Навистина сум среќен што Охрид може да се пофали со уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот.
Упатувам срдечни честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во иднина. Општина Охрид во континуитет дава поддршка на спортот и особено е посветена на поддршка на талентирани спортисти кои остваруваат големи успеси.
Младата 22-годишна Анастасија Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени – 60 истрели. Според програмата на Олимписките игри, македонската олимпијка ќе го има својот настап на 28 јули 2024 година.
Мојсовска е член на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје и е повеќекратен Државен првак и рекордер на Македонија со високи резултати на меѓународните натпревари. На последниот Светски куп во Минхен, Германија, таа постави државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој беше конкурентен за влез во финале на Летните Олимписки игри, пишива во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.