АктуелноОхрид

Со остар предмет повреден 39-годишен охриѓанец на улицата „Јане Сандански“

На 06.07.2024 година околу 14 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 40 Годишен Охриѓанец  кој претходно, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет повредил 39 годишно лице , од Охрид. Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.