АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Денес со богослужба и народен собир се празнува во црквата Св.Богородица Захумска

„Св. Богородица Захумска“ или само Заум — средновековна црква која се наоѓа веднаш на самиот источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца.

Црквата Света Богородица Захумска која меѓу местното население и пошироката јавност е позната само како Заум се наоѓа веднаш крај самиот источен брег на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Се наоѓа на оддалеченост од 20 км од Охрид, на брегот на езерото, во подножјето на планината Галичица и во непосредната близина на рибарското село Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој (висок 1005 м.н.в.) веднаш непосредно на самиот брег до водите на Охридското Езеро на надморска височина од 695 метри. Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека пред црквата во непосредна близина на запад се наоѓа и местото со најдлабоката точка на Охридското Езеро. До црквата се стигнува само по воден пат со чамец. Во поново време за потребите на изградбата на манастирскиот конак е пробиена и пешачка патека долга околу 30ина минути која се искачува по гребенот и одејќи низ шумата се спушта до самото езеро, при што последните стотина метри мора да се пешачи во езерските води. Поради близината, црквата спаѓа во атарот на селото Трпејца, чии жители водат грижа за неа, а моментално и работат на изградба на конакот крај самиот храм.

Во поново време обновена е традицијата да се богослужи во овој манастир на 4 јули, веднаш после празникот на св. Наум, и на 21 септември на празикот на Рождеството на Пресвета Богородица кога е доста посетен од страна на жителите на селата Пештани и Трпејца како и од жители на градот Охрид. Во црквата секоја година на 4 јули, ден по летниот празник на Свети Наум Охридски – Чудотворец, покрај богослужбата се одржува народен собор и прослава со кум од селото Трпејца при што се дели посен ручек .

https://www.youtube.com/watch?v=GGEHg5PSym0