сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Започна исплатата на пензиите, пред банките гужви – големо зголемување од септември

Започна исплатата на пензиите. Од рано утрово пензионерите чекаат пред банките да си ги подигнат. Голем дел од пензионерите сеуште на користат електронско банкарство, па поради тоа чекаат во кеш да г подигнат пензиите.

Инаку со корекцијата што се направи, во септември пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така од 2500 денари, ќе биде во март следната година.

Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, истакна министерката Димитриеска Кочоска.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

-Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска.

Сепак, посочи дека има уште простор за кратење и оти има многу нелогичности и вети дека ќе се обезбедат средства за сите вообичаени исплати во Буџетот.