недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Од 1 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од понеделник 1 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење. Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.
Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.