сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Авион на војската на Србија кружел над Прилеп

Авион во сопственост на Војската на Србија скоро еден час кружел над Прилеп, покажува апликацијата „Flightradar24“ на која се следат авионските летови во светот. Авионот кој според податоците бил од моделот „Аirbus C2952“ направил десетина круга на небото над селата во прилепскиот дел на Пелагонија и над самиот град Прилеп.

Авионот летал од Бејрут до воениот аеродром Батајница кој е во близина на Белград.  „Аirbus C2952“ е транспортен модел на авион и не е наменет за воени дејствија.

Србија има нај развиена наменска индустрија на Балканот, и иако речиси целата индустрија поврзана со роизводство на оружје беше уништена во НАТО бомбардирањето, денес оваа земја повторно е најголем производител и извозник на оружје од просторот на бивша Југославија.