АктуелноОхрид

Кај лице од Штип во Струга пронајдена марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 21 годишно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа марихуана.

извор: СВР Охрид