сабота, ноември 23, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Да се отстранат пловните објекти кај „Сараиште“ и Пештани

Сопствениците на пловни објекти  – кајчиња треба истите во најкраток временски период  да ги отстранат од  крајбрежниот појас кај  локалитетот „Сараиште“  и во рибарската населба „Пештани“.  Во спротивно  Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.

Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот  пред почетокот на летната туристичка сезона.