Наш ИзборНаш изборОхрид

(ЖИВО) Утрена богослужба во манастирот Св.Еразмо Охридски по повод денешниот празник

Како што помагал на луѓето за време на неговиот овоземен живот, свети Еразмо уште повеќе им помага на сите кои со вера и надеж молитвено се обраќаат кон него, сега кога тој живее во вечноста.
И ние кои денес се наоѓаме во овој манастир да се обратиме со искрена молитва на свети Еразмо, за тој да ги пренесе нашите молитви пред престолот на севишниот Бог. Да ни даде сила и можност да живееме според волјата Божја, да го исполниме Неговиот закон и да спечалиме вечен и блажен живот.
По молитвите на свети Еразмо, така нека биде. Амин.