вторник, ноември 26, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ВЕВЧАНИ домаќин на врвни театарски работници од Македонија и странство учесници во проектот: ,,РИТУАЛОТ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО”

Во рамки на долгорочниот проект “СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА – имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес од Охрид, во периодот од крај на месец март до крај на јуни 2024 го реализира ументичкиот проект “Ритуалот во современото општество”, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за култура
Проектот се базира на уметничко истражување на ритуалот и ритуалноста, кое ќе биде финализирано со интердисциплинарен перформанс инспириран од и изведен на специфични избрани локации во Вевчани. К.Ц. Медиа Артес проектот го реализира во блиска соработка со КУД ,,Дримкол” од Вевчани, Општина Вевчани и комуналното претпријатие.
РИТУАЛОТ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО“ е уникатен, имерзивен интердисциплинарен перформанс кој активно ќе ја вклучува публиката и ќе ја пренесе во контекст на природниот пејзаж.
Главната цел на перформансот, кој ќе биде локациски специфичен, односно креиран за и – во завршната фаза – конструиран на конкретната избрана локација (Вевчани и Вевчански извори), е да ја подигне свеста за прашањата поврзани со животната средина, додека истовремено и обезедува непосредно искуство на публиката.
Користејќи ги изведувачките уметности и уметноста на звукот, перформансот со работен наслов РИТУАЛОТ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО (ќе) создава ритуален простор и ги предизвикува актуелните емоции и општеството додека ја истражува медитативната интроспекција. Перформансот, исто така, (ќе) го адресира конфликтот помеѓу ритуалноста и капиталистичката потрошувачка и конзумеризам и ги поврзува архетипските и вредностите на генерациите на нашите предци со современиот контекст.
Ова уникатно искуство има за цел да поттикнува критичко размислување, саморефлексија и внатрешен индивидуален раст, обезбедувајќи простор за трансформација.
Како заклучок, интрердисциплинарната претстава на тема „Ритуалот во современото општество“ ќе понуди уникатно и моќно искуство за секој што сака да ја истражи улогата на ритуалноста во денешниот свет.
Преку звук, гест и моќни изведби, уметниците имаат за цел да ја пренесат публиката во една поинаква реалност, која истовремено е и древна и модерна, света и трансформативна.
Автори на проектот се: Алесандро Ола (композитор и sound-artist, професор по композиција, електронска музика и звучен пејзаж, изведувачки уметник од Барселона, Шпанија), Јелена Вуксановиќ (драматург, сценарист и театарски едукатор од Белград, Србија) и Јасмина Билаловиќ (актер и театарски едукатор), а соработници во неговата реализација ќе бидат Атила Антал (режисер) и д-р Вишња Жугиќ (архитект и интердисциплинарен уметник) од Нови Сад, Србија, како и 9 домашни професионални уметници од различни дисциплини, кои во март 2024 беа регрутирани во рамки на 3-дневната интензивна работилница што се одржа во Центар-Јадро, Скопје и беа поканети да се вклучат во развивањето и реализацијата на перформансот, во сите негови понатамошни фази.
Исто така, во завршната фаза на подготовка на прерформансот е предвидено во одредени негови делови да се вклучат и млади луѓе од ансамблот на КУД Дримкол, Вевчани.
Водачите и предавачите на работилницата имаат значително искуство и референци во различни аспекти на применетиот и партиципативен театар. 9те млади домашни уметници од различни уметнички дисциплини (актери, танчери, музички и визуелни уметници), под водство и во соработка со 5те искусни уметници-ментори од земјава и странство, во моментов го развиваат интердисциплинниот перформанс на тема “Ритуалот во современото општество”.
Процесот на уметничко истражување започна на крајот на месец март 2024, а тој ќе кулминира со изведби на завршниот перформанс на Вевчанските извори и други локации во Вевчани, во периодот 20-28.06.2024, кога тимот од 14 домашни и меѓународни уметници ќе престојува во Вевчани и ќе работи на финализација на перформансот. Културен центар-МЕДИА АРТЕС , КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro , Швајцарска Амбасада (Embassy of Switzerland) Министерство за култура .
КУД “Дримкол“ Вевчани