недела, ноември 24, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: За првпат во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ отворена е сензорна соба

Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот .
Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни.
Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската општествено одговорна компанија „АСП ПАК“ .
Дополнително во објектот „Развигорче“ согласно нашата програма за работа имаме предвидено уште неколку проекти кои ќе ги реализираме во наредниот период, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.